Наследникот на јети

Шкода го претстави новиот кросовер – карок (ФОТО+ВИДЕО)

Шкода го претстави својот нов модел карок (Skoda Karoq) на специјален настан во Стокхолм.

 

Нешто помал од кодијакот, карок е стилски кросовер со скулптурирана хауба, тенка предна решетка, и ЛЕД светла како опција. Моделот има и „мускулести“ отвори за тркалата, пластични заштити и прилично остри дизајнерски линии. Дизајнот го заокружуваат спојлерот на петтата врата и карактеристичните задни светла.

Димензиите на кросоверот се 4.382 милиметри должина, 1.841 милиметри ширина, и 1.605 милиметри висина, со меѓуоскино растојание од 2.638 милиметри.

Ентериерот е прилично стандарден, но карок е првиот модел на Шкода кој ќе се нуди со дигитална инструмент табла. Купувачите можат да одберат и греење на воланот, греење на предните/задните седишта, како и ЛЕД амбиентално осветлување.

Оние кои се позаинтересирани за просторот ќе се израдуваат од тоа што карок нуди багажник од 521 литар зад задните седишта. Таа бројка се зголемува на 1.630 литри со спуштање на задните седишта. Ако и тоа не е доволно, седиштата можат целосно да се отстранат за максимален товарен капацитет од 1.810 литри.

На почетокот под хаубата ќе се нудат пет мотори. Бензинската понуда е составена од 1,0-литарскиот ТСИ со 115 и 1,5-литарски ТСИ со 150 коњски сили. Дизелите се 1.6-литарски ТДИ со 115 коњски сили и две верзии на 2,0-литарскиот ТДИ со 150 и 190 коњски сили.

Повеќето мотори ќе бидат во комбинација со шестбрзински рачен менувач или седумбрзински ДСГ автоматски менувач, а се очекува најмоќната дизел верзија да има стандарден погон на сите четири тркала и ДСГ менувач.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе