Фејслифт

Шкода го поднови кодијак со редизајн и нова технологија (ФОТО+ВИДЕО)

Шкода го поднови изгледот на својот кросовер кодијак, речиси пет години по претставувањето.

 

Кодијак сега личи на најновите модели на чешката компанија, има нова технолошка опрема и нов мотор за верзијата на врвот на понудата – кодијак РС.

Предниот и задниот браник на најголемиот кросовер на Шкода, сестринскиот модел на фолксваген тигуан и сеат тарако, се редизајнирани.

Сега има поисправена решетка, потенки ЛЕД светла и опциски ЛЕД матрикс кластери, магленките имаат нова позиција, има нов дифузер, нови задни светла, помало задно стакло и ознаката „ШКОДА“ на средината на петтата врата.

Инструмент таблата е речиси неизменета и го има стандарниот 8-инчен или опцискиот 9,2-инчен централен дисплеј. Како опција може да се добие 10,25-инчниот дигитален дисплеј. Двокракиот волан, кој го имаат сите изведби на кодијак освен спортлајн и РС, кои имаат волан со три краци, е исто така нов.

Под хаубата во основниот модел ќе биде 1,5-литарскиот ТСИ бензинец со 150 коњски сили и шестбрзински менувач, со погон на предните тркала. Ќе може да се добие и 2,0-литарскиот ТСИ со 190 коњски сили, додека 2,0-литарскиот ТДИ дизелаш ќе има две верзии – со 150 коњски сили и 200 коњски сили. Сите, освен 1,5 ТСИ, доаѓаат со седумбрзински ДСГ автоматски менувач како стандард. Дизелашот со 150 коњски сили може да се добие со погон на предните или на сите тркала, а сите останатите имаат 4х4 погон.

Врвот на понудата е кодијак РС, кој сега има 2,0-литарски ТСИ бензинец со 245 коњски сили наместо стариот битурбо дизел.

Шкода ќе почне да прима нарачки за подновениот кодијак во следните месеци. Цените исто така ќе бидат соопштени подоцна, но се очекува да биде нешто поскап од моделот во заминување.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе