Шкода фелиција го слави 25-от роденден (ФОТО+ВИДЕО)

Пред 25 години Шкода го претстави моделот фелиција, првиот под закрилата на германски Фолксваген.

 

Од 1994 до крајот на производство во 2001 беа произведени 1.401.500 примероци на фелиција. Новото поглавје во историјата на Шкода ауто почна на 17 октомври 1994 година.

Модело фелиција го замени шкода фаворит, со 1.187 новоразвиени делови користени во развојот на технички напредниот наследник.

Во погонот во Млада Болеслав фелиција беше произведувана во верзиите хечбек, комби, пикап, ванплус и фан.

По долгиот процес на бирање име за новиот модел, изборот падна на фелиција кој го носеше кабриолет верзијата на октавијата од доцните 1950-ти и рани 60-ти, а кој потекнува од латинскиот збор за среќа – фелицитас.

Хечбек моделот беше 40 милиметри подолг и 15 милиметри поширок од фаворитот, со багажник поголем за 21 литар.

Каросеријата имаше значително поголема торзиска цврстина која во комбинација со новите носачи на тркалата значително ја подобри геометријата на предната оска и дополнително ги стабилизираше задните тркала.

Значително беше намалена бучавата во внатрешноста на автомобилот и беше зголемен комфорот. Додаток беше и повисокиот степен на безбедност кој беше верификуван во 1995 преку тестови на ТУВ.

Производството и монтажата на новиот модел истто така исполнуваше високи стандарди на квалитет.

Основен погонски агрегат за фелицијата беше четирицилиндерскиот бензинец со работна зафатнина од 1.289 кубни сантиметри, а во две варијанти даваше 54 и 68 коњски сили.

Посилниот 1,6 МПИ развиваше 75 коњски сили, а се нудеше и 1,9-литарски дизел со 64 коњски сили.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе