Премиера

Шкода енјак – првиот чешки кросовер на струја (ФОТО+ВИДЕО)

Шкода го претстави својот прв електричен кросовер, во согласност со дизајнот на актуелните модели на чешката компанија, и со стилски елементи кои „издаваат“ дека станува збор за возило на струја.

 

Чешката компанија наведува дека енјак иВ според големината на просторот во патничката кабина е сличен на моделот кодијак. Димензиите на моделот се 4.649/1.879/1.616 милиметри (должина/ширина/висина), додека меѓуоскиното растојание е 2.765 милиметри.

Багажникот голем е нескромни 585 литри.

Енјак иВ ќе може да се нарача во верзии со три различни батерии и пет погонски опции.

Основниот модел „50“ има литиум-ионска батерија од 55 киловат часови и електромотор со 148 коњски сили кој ја придвижува задната оска.

Од 0 до 100 км/ч забрзува за 11,4 секунди, а максималната брзина е 160 км/ч.

Според ВЛТП стандардот, автомобилот со полна батерија може да помине до340 километри.

Верзијата која ја носи ознаката „60“ има батерија со капацитет од 62 киловат часови и посилен мотор од 179 коњски сили. До „стотка“ му се потреби 8,7 секунди, а автономијата е проектирана на 390 километри.

Следниот во понудата е енјак „80“ кој е опремен со батерија од 82 киловати и електромотор со 204 коњски сили. Забрзува до 100 км/ч за 8,5 секунди, а може да помине 510 километри со полна батерија.

Енјак „80х“ има два електромотори кои освен поголемата сила овозможуваат и погон на сите тркала.

Комбинираната сила на двете погонски единици достигнува 265 коњски сили, а моторите со струја се напојуваат исто така од батерии од 82 киловат часови.

Автомобилот забрзува од 0 до 100 за само 6,9 секунди, а автономијата е нешто помала од верзијата „80“ и изнесува 460 километри.

Врвот на понудата е РС верзијата со два електромотори со вкупна сила од 306 „коњи“. Од 0 до 100 му се потребни само 6,2 секунди, а може да помине до 460 километри со полна батерија.

Шкода не ги објави деталните податоци за времето потребно за полнење на батериите, но кажаа дека батеријата од 82 киловати може да се дополни од 5 до 80 отсто за 38 минути, доколку се користи брз полнач.

Производството на енјак почнува на крајот на 2020 во фабриката во Млада Болеслав во Чешка. Се планира да се прозиведуваат по 250-350 возила дневно.

Цените сѐ уште не се соопштени.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе