Во ексклузивно интервју за Карфекшн, шефот на Порше ГТ ги откри првите информации за ГТ3 базиран на генерацијата 992, почнувајќи од тоа дека новиот модел е „уништувачки брз“ околу Нирбургринг.
„Не можам да ви кажам колку брз, но некои усти ќе останат ширум отворено“, кажа Прунингер. Новиот порше 911 ГТ3 поприлично ќарува од најновата 992 шасија. Всушност, тоа е првиот 911 легален на патиштата со двоен „јадец“ напред, откривајќи сосема нов дизајн на тркачкиот спортски автомобил.
Прунингер повтори дека и покрај зголемените димензии во споредба со последниот ГТ3, успеале да ја задржат тежината во истата рамка. „Она што ме прави горд е што автомобилот не е потежок од претходникот и покрај тоа што е малку поголем“, вели тој. Тежината на новиот ГТ3 е околу 1.430 килограми, и тоа со сите течности на максимум.
Што се однесува до моторот, Прунингер го кажа она што е веќе познато, дека ова е уште поевоулирана верзија на атмосферскиот шестцилиндерски боксер мотор. Тој истакна дека успеале да го зачуваат „емотивниот“ звук на моторот и покрај додадените филтри.
Потврди и дека купувачите ќе ја добијат опцијата за мануелен менувач покрај серискиот автоматски ПДК автоматски менувач/
Ова интервју значи дека нема да мора уште многу да чекаме за официјалното претставување на новиот 911 ГТ3.