Шефот на Ауди бара ограничување од 200 км/ч за германскиот Аутобан

Германија е единствената земја без општо ограничување на брзината на автопатите, а се најавува нова мерка како компромисно решение поради економската криза.

EPA-EFE

Маркус Дусман, шефот на Ауди, поради актуелната криза предложи мерки за намалување на потрошувачката на гориво, кои би вклучувале денови без автомобили и ограничување на брзината во актуелната криза.

„За во Германија подобро да се прилагодиме на ситуацијата и потребата за штедење повторно би можеле да воведеме денови без автомобили, како во 1970-тите. Ограничување на брзината на Аутобанот од 200 км/ч исто така може да биде корисно“, изјави тој за Зидојче цајтунг.

Германското здружение на автомобилската индустрија (ВДА), на кое му припаѓа и Ауди, има поинакво мислење.

„Ги отфрламе забраните за возење како реакција на растот на цените на енергијата, како во 1970-тите“, кажа претседателката на здружението Хилдегард Милер „Луѓето и самите знаат дека е паметно да штедат. Освен тоа, треба да се продолжи работата на ситуациската регулација на брзината. Важно е да се промовира личната одговорност наместо одвраќање со забрани и упатства“.

Предлогот за ограничување на брзината на Аутобанот од 200 км/ч се базира на препораката која во август 2022 јавното обвинителство во Хамбург го додаде на сопирањето на постапката против возачот снимен како на делот А2 со бугати широн возел со брзина од 417 км/ч.

Ова е и компромисен предлог бидејќи АДАК, германскиот национален автоклуб, предлага ограничување на брзината на 130 км/ч, а партијата Зелени на 120 км/ч.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе