Сопствениците на автомобили им раскажале на аналитичарите на Сберавто за своите (не)обични навики.
Така, на пример, половина од анкетираните по посета на трговски центар ги тргаат количките од паркингот за да не изгребат други автомобили, 42 отсто се трудат да паркираат на едно исто место, а повеќе од третина (36 отсто) велат дека разговараат со својот автомобил.
Покрај тоа, 11 отсто од возачите сакаат да фотографираат убава бројка на километражата на инструмент-таблата, исто толку ги памтат регистрациите на околните автомобили ако некој им го поткачи или изгребе автомобилот, а помалку се оние кои по пат пијат кафе во омиленото кафуле (10 отсто) и кои тропаат по хаубата пред да тргнат и така проверуваат под неа да не се скрила мачка или некое друго животно (3 отсто).
Има и корисни навики – 77 отсто од анкетираните се придржуваат до компактното паркирање, 63 отсто ги пропуштаат во возење оние кои ќе замолат, а 50 отсто ги пропуштаат несигурните возачи. Нешто помалку се оние кои го прегледуваат автомобилот пред тргнување (47 отсто) и го загреваат моторот во секое време (44 отсто), во зима темелно го чистат од снег (41 отсто).
Најпопуларна штетна навика зад воланот е возење со една рака. Тоа го прават речиси половина од возачите (49 отсто).
27 отсто возачи пушат во автомобилот, 25 отсто им дофрлаат злонамерно на другите возачи или пешаци, а 23 отсто користат телефон зад воланот. 22 отсто многу ретко го мијат својот автомобил, сметајќи дека тоа нема смисла, 16 отсто слушаат гласна музика, додека 2 отсто фрлаат отпадоци надвор низ прозорецот на автомобилот, покажува анализата.