Сеат тарако – шпанскиот кодијак произведен во Германија (ФОТО+ВИДЕО)

Сеат го претстави својот трет и најголем кросовер, моделот тарако кој го доби името по шпанскиот град Тарагона.

 

По промотивната кампања која траеше повеќе од една година, сеат тарако излезе на дневна светлина.

Кросоверот кој ја дели ем-кју-би платформата со бројни модели од групацијата Фолксваген, вклучувајќи ги сестринските шкода кодијак и фолксваген тигуен олспејс, има типичен дизајн со стилските решенија на најновите модели на Сеат, но и на други кросовери од групата на Фолксваген.

По ароната и атеката, и третиот шпански кросовет исто така има име поврзано со географски поим од таа земја.

Имено, Тарако е дрвеното име на современиот град Тарагона, кој се наоѓа во Каталонија на брегот на Медитеранот, а тоа воедно било и најстарото утврдување на Римското царство на Иберискиот Полуостров.

Сеат не ги објави сите спецификации на новиот кросовер, но познато е дека е долф 4.735 милиметри, а висок 1.658.

За споредба, шкода кодијак има димензии 4.697/1.882/1.676 милиметри, а продолжениот тигуан олспејс 4.701/1.839/1.674 милиметри.

Основниот бензински мотор е 1,5-литарскиот ТСИ со 150 коњски сили во комбинација со шестбрзински рачен менувач, преку кој силата се пренесува на предните тркала. Покрај него, на купувачите на располагање им е и 2,0-литарскиот ТСИ со 190 „коњи“, седумбрзински автоматски менувач со двојна спојка и погон на сите тркала.

За љубителите на дизелите тука е 2,0-литарскиот ТДИ во две варијанти – со 150 и 190 коњски сили. посилниот е достапен само со погон на сите четири тркала и седумбрзински менувач со двојна спојка.

Сеат тарако доаѓа во продажните салони на почетокот на 2019, а интересно е што нема да се произведува во Чешка, каде што се изработува кодијак на Шкода, туку во германски Волфсбург, седиштето на Фолкскваген, заедно со тигуан олспејс.

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе