На аукција

Се продаваат две лимузини на американскиот претседател Џон Кенеди (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Две претседателски лимузини во кои се возел поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди се понудени на аукција.

 

Кенеди беше убиен во 1963 година во својата претседателска лимузина, но не во овие кои се понудени на продажба. Станува збор за „лимо уан“ (лимузина еден), линколн континентал од 1963 година во која претседателот Кенеди се возел кога го оддржал својот последен говор.

Автомобилот бил запленет од страна на полицијата како еден од доказите во истрагата, вратен бил во 1964, бил малку променет, и служел уште 13 години па подоцна бил ставен во музејот на Хенри Форд.

Се проценува дека новиот сопственик за оваа лимузина на Кенеди ќе издвои меѓу 300.000 и 500.000 долари.

Втората претседателска лимузина е линколн континентал марк 5 екзекјутив лимузин од 1960 година во која Кенеди се возел при приватните патувања во Вашингтон. Опремена е со блиндирани врати, телефон и други додатоци.

Вредноста се проценува на околу 200.000 долари.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе