Парче историја

Се продава мерцедесот 600 на Елвис Присли од 1969 година (ФОТО+ВИДЕО)

Мерцедес-бенц 600 беше омилен модел на диктаторите, но негов обожавател беше и Елвис Присли. „Кралот на рокот“ всушност поседуваше два примероци, од кои еден сега се продава. Овој мерцедес-бенц 600 од 1969 година Присли од салонот во Холивуд го нарачал по цена од 15.500 долари. Автомобилот бил испорачан на 15 декември 1970. Неколку години бил чуван на имотот на рок-ѕвездата Грејсленд во Мемфис, Тенеси, пред Елвис да му го подари на пријателот Џими Велвет.

 

По смртта на Елвис, Велвет мерцедесот го изложил во својот музеј на Елвис Присли, но автомобилот подоцна бил продаден. Подоцна бил во сопственост на извршниот директор на Долар џенерал, кој во 1990-тите потрошил 36.000 долари за освежување на сопирачките, амортизацијата и системот за издувни гасови. Во моментов на бројачот има 60.500 милји (околу 98.000 километри), од кои сегашниот сопственик направил само 4.000. претходникот на денешната С-класа го придвижува 6,3-литарски V8 М200 мотор. Вкупно 300 коњски сили се префрлаат на задните тркала со помош на 4-брзински автоматски менувач. Моделот 600 во свето време беше прилично софистициран, имаше хидраулична амортизација, хидраулично централно заклучување и нагодување на седиштата. Имаше и посебни преден и заден клима уред – прикладно за возило кое најчесто го вози шофер. Внатрешноста на автомобилот е малку потрошена, но продавачот решил да не ја обновува за да се зачува автентичноста на автомобилот.

Присли поседувал уште еден модел 600 од 1970 година во светло сина боја. Тој автомобил се продаде за 187.390 долари на аукција во 2010 година, така што моменталната понуда од 167.000 долари за сребрениот 600 од 1969 во моментот на објавување не звучи нереално.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе