Легенда од 70-тите

Се продава еден од само 1.672 произведени БМВ 2002 турбо (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кои се најпознатите фабрички лепенки на автомобили? Орелот со раширени крилја на хаубата на понтијак транс ам, натписот Порше на страните на првиот модел 911, или лепенките 2002 турбо на БМВ?

 

Светот на автомобилите има дадено неколку навистина незаборавни, а последниот натпис е можеби и најлегендарниот. Причината за тоа е што 2002 турбо на предниот спојлер беше испишан наопаку за возачот во автомобилот пред него јасно да види во ретровизорот што наидува и дека треба да се тргне.

Лентите БМВ моторспорт во три бои се исто така дел од иконографијата на еден од баварските тркачи од 1970-тите.

Легендарниот БМВ 2002 турбо беше претставен на саемот за автомобили во Франкфурт во 1973 година како прв европски сериски автомобил со турбополнач, една година порано од другата легенда, порше 911 турбо.

Под хаубата беше 2,0-литарскиот бензинец со ККК турбополнач и резултат од 170 коњски сили и вртежен момент од 244 њутнметри кој на задната оска и широките гуми ги пренесуваше петбрзински рачен менувач.

Големата сила и масата од еден тон од БМВ 2002 турбо направија болид кој возеше до 209 км/ч и кој од 0 до 100 км/ч стигнуваше за 7,3 секунди. Сосема респектибилно за средината на 70-тите. Меѓу 1973 и 1974 година беа направени само 1.672 примероци, сите со воланот на левата страна.

Примерокот кој сега се продава на аукција која ќе се одржи на 18 март во Аризона е еден од само 52 испорачани во Британија, а кој во 1986 година бил увезен во САД и е во совршена состојба, со сите документи и ни 60.000 минати километри.

Се очекува да постигне цена од 135.000 до 165.000 американски долари, што и не е некоја преголема сума за првиот сериски турбо. Вистинска легенда.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе