Мерцедес 680 С торпедо родстер

Се продава еден од најдобрите стари автомобили во светот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кога станува збор за класичните автомобили, не можете да добиете повисока награда од наградата Најдобар на изложбата на Пебл бич. Престижната американска награда речиси секогаш ја добиваат предвоени европски автомобили, како овој мерцедес-бенц 680 С торпедо родстер од 1928 година.

 

Едн од само трите произведени примероци од произведувачот на шасии Саотчик – и единствениот познат преживеан примерок – овој класичен мерцедес ја доби главната награда на Пебл бич конкур д елеганс во 2012 година. а сега ќе се продава на аукција.

Најверојатно пленет од изгледот на оригиналното ниско предно стакло, покривот на отворање, црвената кожа во ентериерот, прекрасните дрвени украси, и високо полираниот метал, нафтениот барон Хенри Бедфорд Помладиот го купил буквално од саемот на кој бил изложен како експонат во Њујорк во 1929 година. автомобилот останал во сопственост на семејството цели 75 години, сѐ додека таткото и син колекционери Пил и Крис Ендрјус не го купиле во 2008, а две години подоцна темелно го реставрирале, што траело цели две години.

Родстерот доби максимални 100 поени на дебито во Пебл бич таа година и ја освои првата награда. Следната година ја доби наградата за најдобар во својата класа на Конкорсо д’елеганца Вила д’Есте, каде ќе се врати следниот месец за да му биде продаден на оној кој ќе понуди најмногу пари.

Аукциската куќа Сотби очекува да се продаде за сума меѓу 6,5 и 8 милиони евра, што ќе го направи еден од најскапите автомобили продадени на акција годинава. Сепак, не треба да изненади сумата прилично да ја надмине проценката, бидејќи не секој ден ваков модел се нуди за продажба.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе