Се обединија Дачија и Лада

Идејата е со синергија и делење на механичките платформи на овие две компании да се направат попрофитабилни модели во компактниот и сегментот на кросовер возила од средна големина.

Дачија и Лада стануваат една, посебна марка. Оваа вест која доаѓа од нивната матична компанија Рено кажува колку на француската компанија ѝ е важен источниот блок.

До сега и Дачија и АвтоВАЗ беа интегрален дел од Рено групацијата, а сега ќе бидат издвоени. Добија и сопствен управен одбор и нов директор – Денис ле Ворт.

Првиот модел на Дачија кој ќе настане како плод на соработката ќе биде кросоверот во средната класа, со работно име бигстер, кој ќе има опција со седум седишта.

Дачија неодамна го претстави концептот на кој овој автомобил ќе биде заснован, а ќе вози на ЦМФ-Б платформата на Рено-Нисан.

Дачија бигстер ќе биде и основа за семејството модели на Лада кои ќе го носат името нива. Наводно, името на култниот руски теренец ќе го носат повеќе кросовер возила.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе