Прототип

Романска компанија претстави интересна пикап верзија на дачија дастер (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Романскиот произведувач на теренски возила Ромтурингија, која е под сопственост на Рено, го преработи попларниот теренец на Дачија во практичен камионет.

 

Дастер пикап беше направен уште во 2014 година од првата генерација, но не беше достапен за обичните купувачи, туку беше направен исклучиво за нарачател на голем купувач на серија од 500 примероци.

Шест месеци подоцна Рено за јужноамериканскиот пазар го направи камионетот дастер ороч со кабина со два реда седишта, но романската верзија беше фокусирана повеќе на практичната употреба па имаше само две врати и поголем товарен простор.

Откако Дачија (читај Рено) ја претстави втората генерација на дастерот пред една година, купувачите заинтересирани за ваква верзија го чекаа нејзиното излегување, и таа повторно дојде од „кујната“ на Ромтурингија.

Новиот дастер пикап го следи концептот на својот претходник со мала кабина и голем товарен простор со материјали отпорни на оштетувања.

Имајќи го предвид високо ниво на изработк и целосната модификација во однос на „обичната“ верзија, дастер пикап лесно би можел да стане сериски модел.

Прототипот под хаубата го има докажаниот 1,5-литарски дци турбодизел со погон на сите четири тркала.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе