Ролс ројс калинен: кралскиот дијамант меѓу кросоверите (ФОТО+ВИДЕО)

Ролс Ројс го тргна превезот од својот нов модел калинен, првиот кросовер на британската марка и во исто време прв суперлуксузен модел во таа класа.

 

Името калинен доаѓа од најголемиот дијамант кога било откриен, кој сега е дел од британските кралски скапоцености.

Ролс Ројс го опишува калинен како „голем автомобил за сите терени, кој за првпат идејата за автентично, луксузно теренско патување ја претвора во реалност“. Сепак, купувачите побараа од британската компанија да направи Ролс Ројс теренец.

Новиот ролс ројс калинен е вториот модел базиран врз новата алуминиумска платформа наречена „архитектура на луксузот“, по најновиот фантом. Под хаубата се наоѓа доработениот 6,75-литарски V12 со два турбополначи, кој дава 571 коњска сила и вртежен момент од 850 њутнметри од само 1.600 вртежи во минута.

Бидејќи сепак станува збор за модел на Ролс Ројс, времето потребно да стигне од 0 до 100 км/ч не е објавено, но компанијата кажа дека брзината на калинен е ограничена на 250 км/ч.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе