Римац сега има фабрика за производство на своите електрични хиперавтомобили (ФОТО+ВИДЕО)

Хрватскиот произведувач на електрични суперавтомобили Римац ја претстави новата производна линија за изработка на концепт ту (C_Two) прототипот на електричниот хиперспортски автомобил во неодамна отворениот погон во Велико Трговишќе.

 

Како што објави Римац аутомобили, линијата ќе го забрза производството на прототипите потребни за конечна валидација и судир-тестови нужни за хомологација низ светот.

На тимот сега за составување на секој автомобил ќе му бидат потребни околу пет недели, што значи дека времето на производство ќе биде преполовено.

Во полн капацитет тимот на Римац ќе може да произведе четири автомобили концепт ту месечно.

Постапката на производство почнува значително пред самото склопување на готовите компоненти на производната лента, бидејќи голем број од компонентите и системите се произведуваат во фабриката во Света Недеља, по што се испорачуваат до монтажната лента.

Досега Римац има произведено четири прототипи, а до завршувањето на процесот на тестирање и хомологација потребни се уште тринаесет, по што ќе следат десет автомобили од предпроизводната серија, кои главно ќе се произведат годинава.

Целосната постапка на хомологација, без кратења, од првите концепти преку прототиповите до автомобилите на патиштата е процес долг три години, велат од Римац.

Со отворањето на новата фабрика, Римац автомобили првите автомобили на купувачите ќе им ги испорача во 2021 година, за разлика од оригиналниот план од пред пандемијата на коронавирусот кој предвидуваше испораки и оваа година.

Конечнот дизајн и комерцијалното име на автомобилот ќе бидат откриени оваа година.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе