Римац повторно одушеви (ВИДЕО)

Хрватската компанија Римац автомобили повторно го привлече вниманието на автомобилската индустрија, иако сѐ уште не го направи својот трет електричен суперавтомобил.

Римац, всушност, ги разви електричниот погон, софтверот, хардверот и батерискиот систем за спектакуларниот суперавтомобил пининфарина батиста.

При најавата на соработката, од компанијата беше најавено дека договорот е вреден 80 милиони евра, а сопственикот на хрватската компанија Мате Римац изјави дека е возбуден околу предизвикот кој пред нив го постави компанијата Пининфарина.

Пининфарина батиста е електричен суперавтомобил кој развива 1.900 коњски сили и има вртежен момент од 2.300 њутнметри, а забрзува од место до 100 км/ч за само две секунди.

Достигнува 300 км/ч за само 12 секунди, додека максималната брзина е 350 км/ч, и има автономија од речиси 500 километри.

Пининфарина следната година ќе го почне производството на батиста, а ќе бидат произведени само 150 примероци со цена од 2.000.000 евра.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе