Премоќно

Римац објави фотографии од тестирањето на новиот автомобил (ФОТО)

Хрватската компанија Тимац автомобили на Фејсбук објави фотографии од новиот автомобил ц_ту (концепт два) пред тестирањата.

Станува збор за модел во природна големина изработен исклучиво за тунелот со целосно функционални компоненти на активната аеродинамика, реалистични сопирачки, вентилатор и реален пад на притисокот при минување низ менувачот на топлина.

„Тоа овозможи брзо да ги тестираме релевантните делови и да ги споредиме со резултатите на ЦФД (нумеричка метода на пресметка на динамиката на флуидите со помош на компјутер)“, објавија на својот фејсбук профил.

Се наведува дека тестирањето е направено пред почетокот на изработката на алатите за производство, па со тоа се овозможило секоја потенцијална промена да биде имплеметирана на серискиот автомобил.

„Наскоро повеќе...“, пишува на фејсбук профилот на Римац.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе