Концепт_ту

Римац искрши два хиперавтомобили вредни над 5 милиони долари за креш-тест (ВИДЕО)

Со цена од 2,2 милиони евра по парче, римац концепт_ту е прилично скапа играчка, но хрватската компанија тукушто искрши два примероци од автомобилот.

Нормално, не случајно – судирите се дел од тестната програма на Римац како подготовка на почетокот на производството во 2021 година.

Како што објасни компанијата, на крај ќе бидат искршени сѐ на сѐ единаесет прототипи во текот на креш-тестирањето. Ова е неопходно за да се провери безбедноста на концепт-ту и да се добие светска хомологација која ќе овозможи серискиот модел да се продава низ цел свет.

Како дел од процесот, прототипот се забил во бариера при брзина од 40 км/ч. Поради одличниот резултат, вториот тест бил направен со друг прототип со брзина од 56 км/ч.

Ова не изгледа како голема разлика, но силата на кинетичката енергија е двојно поголема и судирот е многу поразорен. И покрај тоа, „сите податоци беа зелени“ соопшти хрватската компанија, а ризикот за повреди на патниците бил многу низок.

Истакнаа дека немало оштетување на карбонската монокок шасија или поместување на папучите. Поради ова, Римац соопшти дека новиот електричен хиперавтомобил „докажа дека е екстремно безбеден“.

Тоа е многу важно кога станува збор за хиперавтомобил со четири електромотори кои даваат комбинирана сила од над 1.900 коњски сили. Концепт_ту на Римац забрзува од 0-100 за 1,9 секунди и има максимална брзина од 412 км/ч.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе