Рено замина од Русија, сè е спремно за враќање на Москвич

Поранешната московска фабрика на француската компанија Рено би требало да почне со работа до крајот на 2022 година под името Москвич, кажа Владимир Јефимов, заменик градоначалникот задолжен за економска политика и имотни односи.

Според него, работите на подготовката за почнување на производството течат според планираното.

До крајот на 2022 година ќе бидат произведени околу 600 автомобили, од кои 200 ќе бидат опремени со електрични мотори. Во 2023 компанијата ќе произведе најмалку 50 илјади автомобили, а во 2024 цели 100 илјади.

Планирано е да се произведуваат пет модели со значката Москвич: четири кросовери и еден седан.

Како што претходно објави руски Аутостат, московските власти и Камаз договориле пропорционална распределба на уделот во капиталот на фабриката за автомобили Москвич и вложувања во нејзиниот развој во износ од 5 милијарди рубљи (околу 80 милиони долари). Камаз ќе биде технолошки партнер на проектот.

Формирана е и мапа на патот за создавање единствена руска механичка платформа за возила на која ќе се развива гама модели на домашната патничка автомобилска индустрија.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе