Рено спорт го носи првиот Твинго куп во Македонија (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Твинго куп Јурокуп ќе ја стартува својата петта сезона, на која оваа година се приклучува и нашата земја и тоа со трки како дел од Автомобилистичката Федерација на Македонија.

 

Рено спорт како организатор на Твинго купот, официјални претставници на Лема рејсинг тимот од Словенија и група претставници на медиумите се упатија кон тркачката патека во Серес, Грција каде што се одржа првото промотивно возење на моделите од страна на натпреварувачите.

Претставниците Лема рејсинг тимот одржаа темелно претставување на моделот на возачите, а се одржа и официјална презентација на правилата на учество за претстојните трки за учесниците.

Во натпреварувачкиот куп моделите рено твинго се унифицирани и специјално модифицирани од страна на Лема рејсинг тим со цел да се добијат сите безбедносни и брзински карактеристики.

Основно возило за преработка на купот е рено твинго 3 , кое благодарение на преправките добива 78 коњски сили, амортизацијата е од Ајбах со посебно нагодување на геометријата на тркалата, додека за безбедноста е избран реномираниот бренд Спарко рол кејџ, седиште наменето за тркање, сигурносни ремени, специјален систем за гасење на пожар, волан, педали, и заштитна мрежа од истиот производител;

Пневматиците се во полуслик од производителот Нанканг со алуминиумски бандажи на Спарко. Инструмент таблата е од производителот АИМ на која е поставен ГПС систем кој бележи времиња, моментална брзина и вртежи;

Возилото и други специјални делови за подобрување на аеродинамиката од Лема.

За купот се планирани 8 трки (4 кружни и 4 ридскобрзински) во текот на наредните три години согласно официјалниот распоред на Автомобилистичката федерација кој ќе биде дополнително објавен.

На крајот од секоја сезона победниците односно за првите три места се одвоени парични награди додека пак на крајот од третата сезона како главна награда на купот е целосно електричното возило рено твизи.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе