Инспириран од видео игрите

Рено Р5 турбо 3Е е модерна електрична верзија на рели легендата (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Пред да ја покаже сериската верзија на новиот електричен Р5, Рено уште еднаш нè потсети на култниот автомобил преку уникатната верзија на Р5 турбо специјалниот хомологациски модел. Р5 турбо Е3 концепт е целосно електричен жесток хечбек со 375 коњски сили и редизајнирана надворешност инспирирана од видео игрите.

 

Р5 турбо 3Е е наследник на Р5 турбо и Р5 турбо 2 сериски модели од 80-тите, направена на цевчеста шасија со ролбар одобрен од ФИА. Како што покажува буквата Е во називот, овој сега е целосно електричен. Иако инженерите на Рено можеле да го направат многу посилен, тие избрале пристојна моќност од 375 коњски сили добиена од два електромотори на задната оска, и сепак има двојно повеќе сила од оригиналите со мотори со внатрешно согорување. Со чудовишен вртежен момент од 700 њутнметри на задните тркала, концептот е „чистокрвен дрифтер“.

Моќноста доаѓа од литиум-ионска батерија од 42 киловат часа поставена под подот. Рено не ги објави бројките за радиусот на движење со едно полнење, но за целосно полнење се потребни 2 часа со полнач од 380 волти. Батеријата тежи 520 килограми, но остатокот од автомобилот тежи само 980 килограми, па е прилично лесен за електричен автомобил. Р5 турбо 3Е од 0 до 100 км/ч забрзува за 3,5 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 200 км/ч.

Р5 турбо 3Е ќе биде претставен на штандот на Рено на Автомобилскиот саем во Париз во октомври.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе