Рено меган РС: доказ дека моќта може да се победи со агилност (ФОТО+ВИДЕО)

Пазарот на жестоки хечбеци е преполн во моментов. Тука се голф ГТИ, леон купра, ауди С3 и РС3, сивик тајп Р, БМВ М140и, фокус РС и меган РС, а нов во „бандата“ е и30Н на Хјундаи.

 

И секој од нив се бори за своето место на пазарот, и затоа е неопходно да се истакнува. Како на пример фокусот со погон на сите четири тркала и „дрифт модусот“, сивик со својот голем спојлер и рекордниот круг на Нирбургринг, а и30Н... па затоа што е Хјундаи.

Што е тогаш специјално кај новиот меган РС? Ако погледнете во листата на спецификации, одговорот ќе биде „не многу“ – има 280 коњски сили, што не е многу и е помалку од фокусот и сивикот. А под хаубата има само 1,8-литарски мотор.

Она по што меганот се истакнува е управувањето со сите четири тркала, што значи дека и покрај тоа што не е најмоќниот во класата, тој е најагилниот спортски хечбек во моментов на пазарот. Ова е автомобил на кој може да му избегате на правец, но ќе се појави во ретровизорот кога ќе почнат свиоците.

Што се однесува до возачкото доживување, дури и без спортската „куп“ шасија, тоа е прилично импресивно. Автоматскиот шестбрзински ЕДЦ менувач шалта брзо, ауспухот „пука“ на агресивни менувања во повисока брзина, а тука е и автоматскиот старт за играње.

Најинтересното нешто кај меган РС е управувањето со четирите тркала. При ниски брзини (до 60 км/ч), задните тркала се вртат во спротивна насока од предните до 2,7 степени, што не звучи многу, но се забележува. Вртењето е побрзо отколку што сте навикнале со автомобил, што значи дека на моменти мора да го враќате воланот назад низ свиоци.

Над границата од 60 км/ч, задните тркала се вртат во иста насока со предните за еден степен, што помага на стабилноста. Тоа не се чувствува премногу на патиштата, но затоа на тркачката патека намаленото навалување во свиоците и дополнителната сила при излегувањето од нив овозможува користење на сета моќ на моторот. Токму на патеката новиот РС има смисла и тука сфаќате дека моќта може да биде победена со агилност.

Новиот меган РС на Рено, иако е ризичен потег на хартија, во реалноста нуди сосема поинакво доживување и лесно може да избие во врвот на класата.

„Бејоеремите" веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски".

повеќе

Добронамерниот дијалог – поточно способноста да се види светот преку очите на други луѓе, посебно оние со кои не се согласуваме – никогаш не бил поважен од сега.

повеќе

Владата не би смеела самостојно да одлучува за ставање под концесија на минералните суровини како што предвидува постојниот закон.

повеќе