Рено ќе го претстави наследникот на легендарната „четворка“ на автомобилскиот саем во Париз

Автомобилските марки под капата на француски Рено ќе претстават дури шест новитети на саемот на автомобили во Париз кој почнува на 17 октомври.

Меѓу најавените премиери ќе биде концепт на Алпина кој најавува „нова фаза во трансформацијата на марката“, се наведува во соопштението. Сериската верзија на овој автомобил ќе стигне во 2025 година.

Повторно оживеаниот рено 4 исто така ќе дебитира во Париз. Компанијата истакна дека сега станува збор за целосно електричен автомобил.

Освен електричниот погон, нема достапни детали за новата „четворка“. Оригиналот беше еден од најпродаваните автомобили на сите времиња, со над осум милиони произведени примероци меѓу 1961 и почетокот на 1990-тите.

Новата верзија на моделот рено 5 исто така ќе биде изложена во Париз. Првичниот концепт на овој модел е од јануари 2021 година, но се шпекулира дека новата верзија би можела да биде изменета.

Рено ќе го претстави и електричното комби кангу е-тек во Париз, како и моделите меган е-тек и аустрал е-тек хибрид.

Дачија засега не се изјаснила околу своите планови за саемот на автомобили во Париз. Романската компанија соопшти дека на саемот ќе ја претстави „завршната фаза во трансформацијата на својот визуелен идентитет“, вклучувајќи го и новото, неодамна прикажано лого.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе