Ремек-делото на Пежо кое требало да ги врати славните тркачки денови на француската марка (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Тешко е да се замисли, но до 1930-тите, Пежо веќе биле изморени од правење обични автомобили за масовниот пазар и сакале да ги вратат раните денови на тркачките успеси. Ова пежо 402 Дарлмат специјал купе од 1938 е резултат на таа рана носталгија.

 

Како што сугерира името, автомобилот бил склопен од Емил Дарлмат, кој бил прилично успешен дилер и тркач во периодот меѓу двете светски војни. Во 30-тите неговите успеси го привлекле вниманието на Пежо, и почнале да го снабдуваат со шасии од моделот 302 во 1936 година.

Во 1937 неговите автомобили учествувале на 24 часа Ле Ман, завршувајќи на 7, 8 и 10 место, што било поприличен успех за дебитантски обид. Следната година Дарлмат ја добил најновата шасија на пежо 402, која била полесна и поширока од таа на 302.

Тимот во 1938 година учествувал со три автомобили, а еден од нив завршил прв во својата класа и петти во сите конкуренции.

Овој примерок му бил подарен на Алфред Жак, шефот на механички истражувања на Пежо, кој бил еден од главните поддржувачи на Дарлмат.

Се верува дека Дарлмат направил вкупно 150 од овие аеродинамични автомобили, од кои 20 биле купеа а останатите кабриолети. Се верува дека преживеале само три, што го прави автомобилот навистина редок.

Понуден е на продажба на аукција на РМ Сотби која ќе се одржи на 19 август, а се проценува меѓу 1,1 до 1,5 милиони долари.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе