Светска премиера

Рејнџ ровер го претстави новиот ивок – наследник верен на оригиналот (ФОТО+ВИДЕО)

Запознајте се со новиот ивок на Рејнџ ровер, кој доаѓа седум и пол години откако почна производството на моделот во заминување. И покрај временскиот јаз, кросоверите се доста слични.

 

При дизајнирањето на сосема новиот ивок, Ленд ровер реши дека не треба да се отфрли популарниот спортски дизајн на стариот модел и ја задржа истата основна форма што добро ја знаеме. Гледан отстрана, новиот ивок е речиси идентичен на оригиналниот. Што воопшто не е лошо.

Задржани се и надворешни димензии на моделот што го заменува, но благодарение на новата „премиум трансверс“ архитектура на Ленд ровер има повеќе простор за патниците и околу 6 отсто повеќе простор во багажникот.

И однадвор и однатре новиот ивок поприлично личи и на поголемиот брат велар, а во ентериерот тоа се истакнува со двојниот дисплеј на централната конзола, кој се доплаќа.

Каросеријата на британскиот кросовер е 13 отсто потврда со намалено ниво на бучава и вибрации, а во конструкцијата се употребени 33 килограми природни и рециклирани материјали. Благодарение на новата платформа поддржува и електрификација, па ова ќе биде првиот хибриден и електричен ивок во историјата.

Што се однесува до традиционалниот погон, новиот ивок има стандардни 2,0-литарски дизел и бензински агрегати со турбини. Дизел верзијата доаѓа со 150 и 240 коњски сили, а бензинците имаат 240 и 300 коњски сили, со деветбрзински ЗФ автоматски менувач.

Во стандардниот пакет се погонот на сите четири тркала и „тереин респонс“ системот на Ленд ровер кој нуди шест модуси на возење – џенерал, еко, сенд, грас-гравел-сноу, мад-ратс и авто.

Последниот му препушта на автомобилот самостојно да го одбере најсоодветниот облик и да ги нагоди амортизацијата и електрониката според условите на патот.

Новиот ивок е оддалечен од подлогата 212 милиметри, а може и да мине низ вода длабока 600 милиметри (100 повеќе од претходната генерација).

Почетната цена во Британија е околу 35.000 евра.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе