Работниците на Мерцедес во Германија ќе добијат бонус од 7.300 евра

Работниците на Мерцедес бенц имаат причина за славење откако германската компанија најави рекорден бонус кој ќе им биде поделен на околу 93.000 работници во Германија.

Менаџментот на Мерцедес се согласил да им исплати на сите заслужни работници сума од 7.300 евра. Работниците сумата ќе ја добијат со платата за април годинава.

„Заедно постигнавме многу во 2022 година“, изјави членката на одборот на менаџери на Мерцедес бенц АГ Сабине Колајзен. „И покрај предизвиците тимот на Мерцедес бенц направи голем чекор напред кон успешната трансформација на нашата компанија. Како признание за напредокот, се согласивме да исплатиме специјален бонус од 7.300 евра оваа година. Сумата е прилично поголема од претходниот максимален износ. Со овој рекорден бонус во историјата на компанијата, сакаме да ја искажеме благодарноста за исклучителната посветеност и лично заложување на нашите колеги“.

Минатата година работниците на германската компанија доби бонус од 6.000 евра.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе