16 коњски сили, 90 км/ч

Р360 – првиот автомобил на Мазда (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Четириесет години откако беше формирана, Мазда за првпат влезе на автомобилскиот пазар, со моделот Р360, кој беше претставен во 1960 година.

 

„Кеи“ модел ограничен на Јапонија и малку познат надвор од неа, автомобилот стана инстантен хит, со 4.500 примероци продадени на денот на претставувањето. Р360 покри речиси три четвртини од сегментот до крајот на годината, како и повеќе од 15 отсто од целокупниот домашен автомобилски пазар.

За разлика од двотактните мотори кои ги користеа ривалите, малечкиот автомобил на Мазда имаше четиритактен мотор со 360 кубни сантиметри поставен одзади кој развиваше 19 коњски сили. иако тоа не звучи многу, благодарение на тоа што Р360 тежеше само 380 килограми, максималната брзина беше 90 км/ч, доволно за патиштата во Јапонија во раните 60-ти.

Мазда успеа да направи лесен автомобил одбирајќи алуминиум за моторот и магнезиумски легури за менувачот и картерот. Од алуминиум беше направена и хаубата, а задното стакло од плексиглас. Дополнителни килограми беа заштедени со монокок шасијата и независната амортизација на сите четири тркала, со што беа намалени вибрациите и подобрен комфорот при возењето. Силата се префрлаше на тркалата преку четирибрзински рачен или опциски полуавтоматски менувач.

Во тоа време, Мазда наплаќаше 300.000 јени за Р360, односно околу 830 долари, што денес, со пресметана инфлација, би изнесувало околу 7.500 долари.

Р360 има мало значење на западните пазари, но тој е почетокот на Мазда, отворајќи го патот за ар-икс-7 и ар-икс-8, односно ултра популарниот ем-икс-5.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе