Аурус кабриолет

Путиновата лимузина без покрив изгледа како руска верзија на ролс-ројс фантом (ФОТО+ВИДЕО)

Неколку кабриолет изведби на руската претседателска лимузина аурус беа забележани неодамна на Црвениот плоштад како дел од подготовките за големата воена парада на 9 мај.

 

Сѐ уште нема многу информации за моделот, но на видеото се гледа дека кабриолетот ги следи стапките на седанот сенат, разликата е во вратите (кабриолетот има само две долги врати) и во уникатниот заден дел.

Руската телевизија Звезда објави и дека висината на автомобилот е 20 милиметри пониска во споредба со седанот.

Ентериерот е главно пресликан, но кабриолетите кои се користат за парадата имаат неколку модификации. Тука влегуваат отстранетото совозачко седиште и инсталирање рачка за држење која ја користат луѓето кои стојат. Автомобилите за парадата имаат и микрофони и внатрешноста е обложена со специјален водоотпорен материјал во случај на дожд.

Исто како и моделот аурус сенат, кабриолетот има хибриден V8 мотор со 590 коњски сили во комбинација со деветбрзински автоматски менувач кој силата ја пренесува на погонот на сите тркала.

Сѐ уште не се знае дали аурус кабриолет ќе може да го купат обичните луѓе, а ако тоа се случи, би бил интересна конкуренција на ролс ројс дон.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе