ТОГГ

Првиот турски автомобил претставен во Лас Вегас (ВИДЕО)

Концептот на првиот автохтон турски автомобил ТОГГ беше почнат за да се креира глобална марка чија интелектуална и индустриска сопственост се 100 отсто турски.

Првиот турски автомобил ТОГГ е изложен на најголемиот саем на потрошувачка електроника ЦЕС 2022 во Лас Вегас во Соединетите Американски Држави, јави Анадолу.

Во соопштението на управата на турската компанија се наведува дека ТОГГ е глобална марка која го сочинува јадрото на турскиот екосистем на мобилноста.

Извршниот директор на турската компанија Мехмет Гурцан Каракаш изјави дека тие не се класична автомобилска компанија.

„Ние себеси се дефинираме како технолошка компанија. Затоа сме на ЦЕС, местото на средба на иновациите и предводниците во технологијата. Ние сме технолошка компанија која работи во областа на мобилноста, основана на географското подрачје каде се среќаваат Истокот и Западот, разумот и емоциите. Во новиот свет, во кој автомобилската индустрија забрзано се трансформира во екосистем на мобилноста, креираме решенија за мобилност, ставајќи ги корисникот и податоците во фокусот на дејствувањето“, кажа Каракаш.

Компанијата претходно соопшти дека тестното производство на автомобили ќе го почнат на крајот на јули 2022.

Во Долината на технологијата во Гебзе во Турција во декември 2019 беше одржана свеченоста Пат кон иновации на која беше претставен прототипот на првиот турски автомобил.

Управата на компанијата ТОГГ во октомври 2021 објави дека се завршени сите аеродинамични и аероакустични тестирања на автомобилот.

Постоењето на еден отпорен, одржлив и правичен систем на храна е нешто што мора да биде столб на секоја агенда која има за цел за климатско ублажување или адаптација.

повеќе

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе