Први шпионски фотографии од новата генерација на фолксваген пасат (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Следната генерација на фолксваген пасат е фатена како се тестира на јавни патишта, сега веќе во сериска форма, откако претходно беше снимена „мазга“ – олатформата и технологијата на новиот модел со изглед на старата генерација.

 

Новиот пасат, со интерна ознака Б9, треба да се нуди само како карван, или варијант, како што го викаат во Фолксваген, во Европа. Германската компанија веќе објави дека го исфрла пасат седан од понудата и веќе работи на сериска верзија на електричниот концепт ИД. вижн.

Изгледот на новиот пасат е еволуција на дизајнот на претходната, со дизајнерски решенија преземени од осмата генерација на фолксваген голф. Предната маска со отворите најверојатно ќе изгледа поинаку.

Поставен на нова верзија на актуелната ем-кју-би платформа, Б9 пасатот ќе биде поголем во споредба со актуелниот модел. И меѓуоскиното растојание би требало да биде поголемо, а ќе порасне и ширината на автомобилот. Ќе се произведува во словачката фабрика во Братислава, заедно со новата генерација на шкода суперб.

Ова може да биде последниот пасат кој ќе има мотори со внатрешно согорување, па силата се очекува да доаѓа од цела низа бензински и дизел мотори потпомогнати од мајл-хибрид технологија. Се очекува да има и плагин хибрид верзија.

Новиот пасат треба да биде претставен во 2023 година, а да почне да се продава во 2024 година.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе