Ривалот на Тесла

Први фотографии од електричниот БМВ и4 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

На интернет се појавија првите шпионски фотографии од БМВ и4, моделот кој всушност е следниот чекор на германската компанија во сегментот на електрични возила и кој треба да ѝ создаде главоболки на Тесла кога ќе се појави на пазарот.

 

Можеби најизненадувчкото нешто околу БМВ и4 е недостигот од сериозно футуристички дизајн, и тоа што повеќе изгледа како серија 4 гран купе отколку како изведба со четири врати на моделот и8.

Тоа е најверојатно поради желбата на Баварците и4 да им изгледа понормално на купувачите, бидејќи ќе биде првиот од и-моделите кој вистински ќе зависи од својот пазарен успех.

БМВ претходно соопшти дека и4 својата инспирација ја влече од концетот и-вижн дајнамикс, кој беше прикажан на автомобилскиот саем во Франкфурт во 2017. Новиот модел ќе вози на КЛАР плаформата на компанија, како сите модели од БМВ серија 3 нагоре. Според некои извештаи ќе биде дел од целосната понуда на серија 4, во која ќе се нудат бензински, дизел, хубридни и целосно електрични мотори.

Во 2021 година БМВ и4 ќе се нуди со погон на задните и на сите четири тркала. Основната верзија ќе има електромотор поставен напред кој ќе ги погонува задните тркала, со цел да се задржи возачкото доживување карактеристично за БМВ.

Моделот на врвот на понудата ќе има два електромотори, секој на посебна оска. Целта на БМВ е и4 да има радиус на возење од 700 километри со едно полнење на батериите, како и забрзување кое ќе биде меѓу најдобрите во класата.

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе