Легендата продолжува да живее

Први фотографии без камуфлажа од новата Г-класа на Мерцедес (ФОТО+ВИДЕО)

На интренет се појавија првите фотографии на новата Г-класа на Мерцедес бенц (Mercedes Benz G-Class) на кои темелно подновениот германски теренец е без камуфлажа и, чудо – изгледа речиси исто.

 

Најголемата визуелна промена е кај фаровите, браниците и предната решетка, кои и не се толку големи за лаичкото око. Новото лого на Мерцедес на на решетката ги крие и сензорите неопходни за полу-автономните функции за кои новата Г-класа се очекува да ги понуди.

Новите содржини на новиот „гелендеваген“, меѓутоа, се „под кожата“: Мерцедес веќе ја потврди новата предна независна суспензија која треба да ѝ помогне на новата Г-класа не само на асфалтот, туку и да има подобро теренски карактеристики од претходникот.

Обновената внатрешност ги има познатите два дигитални дисплеи, како и повеќе простор за сите: патниците одзади имаат дополнителни 150 милиметри простор за нозете и дополнителни 56 милиметри за лактите.

Новата Г-класа Мерцедес официјално ќе ја претстави на 15 јануари во Детроит.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе