Првата С-класа на Мерцедес од 1970-тите е екстремно удобен седан дури и по денешни стандарди (ВИДЕО)

Што прво ви паѓа на памет кога ќе слушнете поимот С-класа? Ако умеете да го дефинирате како автомобил, тогаш знаете дека е еден од бисерите на германската автомобилска индустрија.

Најголемата лимузина на Мерцедес има многу богата историја и бројни споредни тестови низ децениите во заклучокот го ставале на врвот.

Автомобилот во видеото е првиот луксузен седан кој ја носел ознаката С-класа на Мерцедес. Не е најдобриот, ниту најкултниот, ниту пак најубавиот, но тоа не значи дека не бил апсолутен ѕвер во своето време.

Тоа би било во 1972 година, а W116 генерацијата на С-класата остана во производство сѐ до 1980, кога попопуларната генерација W126 стапи на сцената. Овој конкретен примерок е од 1979 година, со ознака 350 СЕ, што значи дека силата доаѓа од атмосферски 3,5-литарски бензински V8 мотор со 200 коњски сили.

Нормално, 350 СЕ е спор автомобил за денешни стандарди, со спринт до 100 км/ч за 9,5 секунди и максимална брзина од 205 км/ч. Меѓутоа, според Аутогефул, сѐ уште е уживанција за возење.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе