Првата алфа ромео на аукција може да добие 1,5 милиони долари (ВИДЕО)

Прекрасната алфа ромео Г1 (Alfa Romeo G1) ќе биде понудена на аукција на почетокот на следната година и се очкува да биде продадена за околу 1,5 милиони долари.

 

Г1 е најпрвиот модел некогаш направен од страна на италијанската автомобилска компанија и биле произведени само 52 примероци. Се претпоставува дека овој конкретен Г1 е единствениот целосен Г1 кој сѐ уште постои.

Со број на шасија 6018, Г1 го почнал својот живот во Австралија и останал во рацете на рвиот сопственик сѐ до 1965 година. Во 1970 бил целосно реставриран, па по три децении повторно бил обновен на почетокот на овој милениум.

Оттогаш автомобилот шета низ целиот свет, а успеа и да победи 60 други класични модели на Алфа ромео на Конкур д’елеганс на Пебл Бич во 2005 година.

Меѓу најпосетените места во градот сѐ уште на прво место и меѓу главните мотиви поради кои доаѓаат туристите во Крушево е вечното почивалиште на Тоше Проески, спомен куќата изградена во чест на него, Манастирот Св. Преображение и многу други.

повеќе

„Москва се труди да протурка слика за себе како благонаклонет партнер и заштитник на сувереноста и на православното христијанство антитеза на Западот што 'цело време се меша таму кај што не му е местото'.

повеќе

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе