„Протекоа“ првите фотографии на новата супра на Тојота (ФОТО)

На интеренет „протекоа“ првите фотографии на долгоочекуваната спортска тојота која светската премиера ќе ја има кон средината на јануари 2019.

Јапонската компанија официјално ќе ја претстави новата супра на претстојниот саем за автомобили во Детроит, а љубителите на култниот модел веќе можат да се радуваат на првите фотографии.

Иако во ниска резолуција, фотографиите даваат увид во дизајнот на надворешноста на автомобилот кој ја враќа Тојота на спортските модели од славното минато.

Фотографиите ги објави член на формуот СупраМКВ, а наводно ги добил по грешка во мејл од германската подружница на Тојота кога се пријавил на листата за чекање на новата супра.

Јапонската компанија летоска ја „покажа“ новата супра на фестивалот на брзината во Гудвуд во Англија, но автомобилот целосно беше прекриен со маскирна фолија.

Тојота засега не ги открива техничките детали на новиот спортски модел, но главниот инженер за развој потврди дека под хаубата се наоѓа 6-цилиндерски бензинец на БМВ.

Во новиот БМВ Зи-4 М40и овој мотор дава 387 коњски сили и 500 њутнметри вртежен момент, па слични спецификации можат да се очекуваат и во новата супра.

Повеќе детали за новата тојота супра се очекуваат во следните недели, пред официјалното претставување на моделот.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе