Ќе го напаѓа премум сегментот

Протекоа фотографии од новиот 308 на Пежо (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фотографии од новиот пежо 308 протекоа онлајн, откривајќи го автомобилот пред официјалното претставување на француската компанија.

 

Протечените фотографии синоќа се појавија на повеќе социјални мрежи, откривајќи го моделот со новото лого на Пежо, со кое компанијата сака да влезе во премиум просторот.

Се очекува Пежо да го понуди 308 и како хибрид и во плагин верзија, а се шпекулира и за Пежо спорт енџениерд плагин хибрид со околу 300 коњски сили.

Покрај хечбекот, се очекува и карван верзија, но најверојатно ќе треба да причекаме уште некое време за да ја видиме.

За жал, официјалните детали сè уште се тајна, но се очекува Пежо да ја претстави третата генерација на 308 набрзо.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе