Безбедност

Пристигнуваат надворешните воздушни перничиња кои ги штитат и патниците и автомобилот (ВИДЕО)

Во ноември 2018 компанијата ЗФ го претстави првото светско надворешно воздушно перниче и оттогаш компанијата работи на подобрување на технологијата и нејзиното приближување до сериското производство.

Сега добивме можност да ја видиме технологијата во акција преку демонстрацијата на ЗФ на прототипот на системот на превентивното надворешно странично перниче во Меминген, Германија. Според компанијата, страничните судири се едни од најопасните сообраќајни несреќи. Само во Германија тие се причина за речиси 700 жртви годишно, речиси третина од сите жртви во автомобили.

Произведувачот на автомобилски делови верува дека новиот систем што го развива може да помогне да се спасат животи и да се намалат повредите на патниците до 40 отсто. Главно поради тоа што, како што тврди ЗФ, надворешните воздушни перничиња можат да ја намалат пенетрацијата на возилото што удира до 30 отсто.

На снимката што ја објави ЗФ може да се види дека системот на надворешни воздушни перничиња работи одлично, иако би било поверодостојно доколку користеле вистински автомобил наместо гумен.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе