Прототипите користени на овој настан се прекриени со камуфлажа која ги крие клучните визуелни аспекти.
Сепак, може да се види дека маската е малку поголема и дека фаровите се потенки со интегрирани дневни ЛЕД светла. Задните светли се различни од тие на хечбекот скала.
„Основата на идејата е да го откриваме автомобилот постепено, како змија што ја отфрла кожата“, кажа дизајнерот Даниел Петр. „Ова ќе биде многу убав компактен автомобил со чист и модерен дизајн кој ќе ја крене фабија на следното ниво“.
Поставена на платформата Ем-кју-би А0 на Фолксваген групата, која ја дели со фолксваген поло и сеат ибица, новиот субкомпактен хечбек на Шкода ќе има и карван верзија, која веројатно ќе биде претставена следната година. Новата фабија ќе биде поголема од претходната генерација, со должина од 4.107 милиметри и ширина од 1.780 милиметри, а меѓуоскиното растојание ќе порасне за 94 милиметри на 2.564 – идентично со ибицата и за 16 милиметри подолго од полото.
Со 380 литри и багажникот е пораснат, но и покрај овие промени, тежината е само минимално зголемена. Шкода истакнува и дека коефициентот на отпор на воздухот е најмал во класата (0,28).
Четвртата генерација на фабија ќе се нуди со три бензински мотори – атмосферски 1,0-литарски со 65 и 80 коњски сили со петбрзински менувач ќе бидат основните верзии.
Турбобензински 1,0-литарски ТСИ со 95 и 110 коњски сили ќе биде средината на понудата, од кои послабата верзија ќе има петбрзински а посилната шестбрзински рачен менувач, со опција за седумбрзински автоматски ДСГ.
Најмоќната фабија ќе има 150 коњски сили од 1,5-литарскиот ТСИ мотор во комбинација со ДСГ автоматскиот менувач.