Трета генерација

Пристигна новиот нисан кашкаи, со поагресивен изглед (ФОТО+ВИДЕО)

Нисан го претстави сосема новиот кашкаи, третата генерација на најдобро продаваниот кросовер во Европа, кој сега воведува нови електрифицирани мотори и сосема нова дизајнерска насока на јапонската марка.

 

Најновиот кросовер на Нисан доаѓа со поагресивен и поостар надворешен дизајн, со поголема V предна маска, како и потенки ЛЕД матрикс фарови и нови дневни „бумеранг“ светла.

Новиот нисан кашкаи е за нијанса поголем од моделот што го заменува – подолг е 35 милиметри, поширок 32, и повисок 25 милиметри, додека меѓуоскиното растојание е поголемо за 20 милиметри. Купувачите ќе можат да бираат меѓу 11 бои и пет двобојни комбинации, за вкупно 16 варијанти.

Едно од поголемите надградувања доаѓа во внатрешноста, со целта на нисан кашкаи да постави нов стандард на „премиум чувство, оригинален дизајн и ергономична употребливост“. Нисан е горд на високиот квалитет на кабината и тактилните копчиња, а и технологијата е на повисоко ниво.

Инструмент-таблата има сосема нов дисплеј со висока резолуција, со 12,3 инчи во дијаметар и повеќе менија за изгледот, а на него може да се видат информации како навигацијата, информациско-забавниот систем, преку контролите на воланот. Тука е и новиот 10,8-инчен дисплеј, кој засега е најголем во сегментот.

Големината на новиот кашкаи, кој е првиот модел на Нисан кој ја користи ЦМФ-Ц платформата, доаѓа со практичен ќар: багажниот простор е сега поголем за 50 литри, благодарение на 20 милиметри понискиот под. Задните врати сега се отвораат до 90 степени, овозможувајќи подобар пристап до задните седишта.

Нисан веќе најави дека новиот кашкаи ќе биде достапен со електрифицирани мотори, вклучувајќи два мајл-хибрид бензинци, како и иновативниот е-пауер хибриден мотор на компанијата кој самостојно се полни.

Понудата под хаубата почнува со мајлд-хибридот со турбобензинец од 1,3 литри. Може да се добие во две верзии – со 138 и 156 коњски сили, во комбинација со шестбрзински рачен или екстроник ЦВТ автоматски менувач. Погон на сите четири тркала е опција само во верзијата со 156 коњски сили и ЦВТ менувачот.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе