Ново „лавче“

Пристигна новиот кросовер на Пежо – 2008 во бензинска, дизел и електрична верзија (ФОТО+ВИДЕО)

Пежо ја претстави втората генерација на моделот 2008 кој дизајнерски целосно се разликува од претходникот, а значителна новина е воведувањето и електрична верзија.

 

Пежо 2008 за 2020 година дизајнерски е целосно усогласен со најновата генерација модели на француската компанија, што значи дека има карактеристични предна решетка и ЛЕД светла кои се надоврзуваат на дневните ЛЕД светла кои претставуваат стилизирани лавји очњаци.

Автомобилот е значително подолг од претходната генерација (за 14 сантиметри), а зголемено е и меѓуоскиното растојание. Патничката кабина сега е покомфорна, особено за патниците на задната клупа кои добиваат повеќе простор за нозете и главите, а незначително е зголемен и обемот на багажникот (434 литри).

Внатрешноста на 2008 личи на ентериерот на новиот пежо 208, кој дебитираше во 2018, а француската компанија наведува дека на купувачите ќе им бидат понудени 4 нивоа на опрема – актив, алур, ГТ лајн и ГТ.

Една од најважните новини се случува под хаубата. Пежо 2008 за првпат доби верзија на струја, со електромотор од 136 коњски сили. Електричната енергија се чува во батерии со капацитет од 50 киловат часови, кои обезбедуваат автономија од 312 километри.

Временскиот интервал за дополнување на батериите зависи од видот на полначот, а пежо е-2008 најбрзо се полни со полнач од 100 киловати – до 80 отсто за 30 минути.

Верзиите со конвенционални мотори ќе имаат бензински и дизел верзии. Бензинската понуда ја сочинува 1,2-литарски трицилиндерски мотор со 100, 130 и 155 коњски сили, а дизелашот е четирицилиндерски 1,5 блуХДИ со 100 и 130 коњски сили.

Новиот пежо 2008 во салоните пристигнува во крајот на годината, кога ќе се знаат и цените на различните верзии.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе