„Осумката“ е тука

Пристигна новиот голф (ФОТО+ВИДЕО)

Во Волфсбург вечерва на светот конечно му беше претставен новиот фолксваген голф 8.

 

Дизајнерски, голфот „осум“ не се разликува премногу од „седумката“, иако задниот дел е стилски унапреден, со стоп светла усогласени со најновата генерација модели на Фолксваген.

Може да се каже дека дизајнот на надворешноста е очекуван – задржано е доволно од „голфовскиот“ изглед со неопходната доза модернизација.

Новиот голф има минимален број физички команди кои се главно заменети со конроли на централниот екран чувствителен на допир, додека аналогните инструменти ги замени целосно дигитализирана табла.

„Осумката“ е првиот модел на Фолксваген кој ќе биде лансиран на пазарот со пет хибридни верзии, и првиот модел од Волфсбург со „Кар2икс“ комуникација како стандард која овозможува поврзаност со други возила до 800 метри одалеченост и со сообрачајната инфраструктура.

Хибридните верзии доаѓаа со 1,5-литарскиот ТСИ турбо-бензинец во верзии со 110, 130 и 150 коњски сили во стандардниот еТСИ, додека најсилниот спортски ГТЕ ќе има верзии со 204 и 245 коњски сили.

Хибридниот погон го дава литиум-јонска батерија од 13 киловат часови која овозможува автономија до 60 километри само на струја.

Што се однесува до конвенционалните погони, тука се стандардните ТСИ и ТДИ мотори. Се движат од 3-цилиндерскиот турбо-бензинец со 90 и 110 коњски сили, додека 4-цилиндерските дизели имаат 115 и 150 коњски сили.

Тука е и моторот со погон на метан ТГИ со 130 коњски сили. Новите ТСИ мотори имаат пониска потрошувачка и емисија на штетни гасови, а екологијата била приоритет и кај дизелските мотори каде емисиите се наводно намалени за 17 отсто.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе