Светска премиера

Пристигна новата шкода октавија – повеќе ауди А4 отколку фолксваген голф (ФОТО+ВИДЕО)

Најпродаваниот модел на Шкода, октавијата, е значително подновена. Моделот од компактната класа дебитираше на затворен настан во Прага, во Чешка, во „лифтбек“ и комби верзии.

 

Можеби е базирана и технички поблиска до новата генерација на голфот на Фолксваген, но најновата, четврта генерација на шкода октавија изгледа како попристапна и поразумна опција за оние што не можат да си го дозволат ауди А4. За тоа сведочат елегантниот дизајн и поскапиот ентериер.

Базирана на плаформата ем-кју-би на Фолксваген, новата октавија ветува подобрени возачка динамика спакувана во уште попрактична и попросторна каросерија. Октавијата секогаш била најпросторната во компактната класа, а четвртата генерација само ги потврдува сите главни квалитети.

Со должина од 4.689 милиметри, октавија лифтбек е 19 милиметри подолга од претходникот, а комбито е 22 милиметри подолго. Ширината е зголемена за 15 милиметри кај двете верзии, а обемот на багажникот останува најголем во класата: 600 литри на лифтбекот и 640 на карванот, односно дополнителни 10 и 30 литри.

Визуелно, најголемото подобрување е на предниот дел каде, што веќе беше најавено, се отфрлени поделените фарови и одбран е далеку поелегантен пристап. Автомобилот има и нова маска, браници, поистакнати линии по целата должина, потенки задни светла и буквите „skoda“ меѓу нив. Сѐ на сѐ, октавијата изгледа како намалена верзија на лимузината суперб.

Во внатрешноста, Шкода одбра пореволуционерен пристап за марката, што ја качува октавијата на ниво на другите модели од Фолксваген групата. Инструмент таблата е слична на голфот осум, воланот има двокрак дизајн и зад него се наоѓаат дигиталните инструменти.

Новата октавија ќе се нуди со голем избор на мотори, и за првпат и со хибрид со полнење на приклучок за струја. Хибридот (октавија иВ) има 1,4-литарски бензински мотор со електромотор за вкупна моќност од 204 коњски сили, во комбинација со автоматски ДСГ менувач. батеријата од 13 киловат часови дава радиус до 55 километри.

2,0 ТСИ дава 190 коњски сили и доаѓа со седумбрзински ДСГ и погон на сите тркала. Ова ќе биде најбрзата верзија сѐ до доаѓањето на РС, а за спринт од 0-100 км/ч ѝ се потребни 6,9 секунди. Покрај дволитарскиот, тука се и 1,5 ТСИ и 1,0 ТСИ со 150 и 110 коњски сили. двата мотори доаѓаат со шестбрзински рачен менувач.

Нафтата ја претставува 2,0 ТДИ во верзии со 150 и 200 коњски сили.

Првата верзија што ќе почне да се продава е комби, а лифтбекот ќе следи неколку недели подоцна. РС и скаут моделите се потврдени за следната година.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе