Пристигна фиат 500 кабрио долчевита, симбол на убавото живеење (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Со гламурозен стил и фини естетски детали 500Ц долчевита е наменет за љубителите на дизајнот кои бараат автомобил икона, богат со технологија.

 

Додавајќи безвременска романса во секојдневното возење фиат 500Ц долчевита потсетува на Италија од времето на економскиот бум, помеѓу крајот на педесеттите и раните шеесетти години, токму кога се роди историскиот фиат 500 од 1957 година.  

Фиат 500 долчевита сериски вклучува богата опрема во смисла на технологија, безбедност и стил.  Однатре, новата контролна табла е во боја на каросеријата, додека однадвор се додадени хромирани детали на кваките, на предниот браник и на задната врата кои уште повеќе го истакнуваат сјајот на изгледот долчевита. Во серија се и 15-инчни тркала од лесна легура, стаклен покрив (кај верзијата хечбек), а каросеријата, на барање, е двобојна бело-сива, надополнета со беџ Dolcevita.

Чинквеченто долчевита не е само модел со стил, туку и голема елеганција. Во серија е екранот на допир јуконект ХД од 7-инчи со „таблет ефект” со екран ХД кој поседува широк избор на функции, систем за гласовни команди, технологија блутут, гласовно препознавање и пресликување на телефонот со компатибилните Епл карплеј и Андроид ауто.

Фиат 500 долчевита e дел од комплетно подновената гама 500 која ја сочинуваат нивоата на опременост култ, конект, долчевита и спорт. Новата гама се карактеризира со нови нивоа на опременост, нови бои, нови ентериери и нова стратегија на гамата што ја прави подостапна и полесна за избирање и одговара на специфичните потреби за мобилност на секој клиент одделно.

Новата гама фиат 500 започнува со верзијата „ култ“, наменета за поп-светот, типичен за 500, за оние што бараат стил и единственост. Продолжува со нивото на опременост „конект“, за оние кои се во потрага по лесно поврзување, ова ниво е најдобриот начин да се биде секогаш поврзан со својот свет, со стил. Нивото на опременост „ долчевита“ е посветено на љубителите на гламурозен начин на живот. Понудата ја комплетира нивото на опременост „спорт“ идеално за млада и динамична популација, која истовремено е и независна.

На домашниот пазар новата гама фиат 500 доаѓа во понуда со бензинскиот мотор 1.2 со 69 коњски сили еуро 6Д и благо хибридниот мотор 1.0 со 70 коњски еуро 6Д , кој ги намалува емисиите, ги соборува потрошувачките и подарува супериорно чувство на возење.

За повеќе информации за новата гама фиат 500 посетете ја официјалната страна www.fiat.mk  или овластената продажна мрежа на Фиат во Македонија.

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе