Мерцедес 190Е сити

Приказната за неостварениот хечбек на Мерцедес (ФОТО)

Денес Мерцедес-бенц има цел куп хечбек модели во понудата. Најпознатиот, А-класата, е на пазарот од 1997 година. Но дали знаете дека Мерцедес за малку ќе имал компактен хечбек многу пред А-класата?

Поради историјата на германската компанија на произведување главно луксузни седани, повеќето луѓе не сметале дека Мерцедес има право да произведе компактен седан, а не пак хечбек. За нив, дури и обичниот 190Е беше нова територија. И токму поради тоа, хечбекот не беше дело на Мерцедес, туку на германската тјунинг компанија Шулц тјунинг.

Во Мерцедес размислувале за можен 190Е хечбек како концепт, кој потоа бил отфрлен во 1981 година, бидејќи мислеле дека регуларната верзија ќе се продава многу подобро. И биле во право, имајќи предвид дека 190Е се продаде во 1,9 милиони примероци.

Сепак, тоа не беше доволно за Еберхард Шулц, основачот на Шулц тјунинг. Тој сакал да направи сопствен W201 хечбек, и го направи. 190Е сити (или 190Е компакт), како што се нарекуваше, беше поставен на шасија на 190Е, на која Шулц ѝ го отсекол задниот дел веднаш зад вратите и додал заден дел од W124 карван. Резултатот беше солиден хечбек со три или пет врати.

Тоа не била само естетска конверзија, бидејќи автомобилот го добил и 2,6-литарскиот шестцилиндерски мотор на Мерцедес со 160 коњски сили. Сосема солидно, имајќи предвид дека повеќето спортски хечбеци во тоа време имаа по 100-120 коњски сили.

Меѓутоа, конверзијата била сложена, и најверојатно прилично скапа, па многумина не сакале да доплатат поприлична сума за нешто слично на голф ГТИ, и покрај разликата во моќта и луксузот. Се зборува дека само четири примероци биле произведени, а бидејќи Мерцедес не бил заинтересиран да се вклучи во проектот, на Шулц му беше забрането да ја користи трикраката ѕвезда каде било на возилото.

Доколку во Штутгарт решеле да ја прифатат идејата, можеа да станат владетели во сегментот на жестоките хечбеци. За жал не ја прифатија, и нè оставија да чекаме до А-класата.

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе