Тип 57 СЦ атлантик

Приказната на можеби најубавиот модел на Бугати во историјата (ФОТО+ВИДЕО)

Тип 57 СЦ атлантик е можеби најубавиот модел на Бугати во историјата на марката – и еден од најлегендарните автомобили на сите времиња. Само четири примероци биле направени меѓу 1936 и 1938 година, а три од нив сѐ уште постојат, што значи дека најверојатно станува збор за највредниот автомобил во светот.

Синот на Еторе Бугати го развил тип 57 како платформа, која изродила неколку верзи вклучувајќи ги галибие (седан со четири врати), стелвио (кабриолет), венто (седан со две врати) и аталанте (купе). Кога производството сопрело во 1940, Бугати произвеле околу 800 модели тип 57, правејќи го еден од најпопуларните модели на компанијата.

Меѓутоа, атлантик бил поинаков. Каросеријата била развиена од уникатниот прототип аеролит. Аеролит, со број на шасија 57104, имал каросерија направена од електрон, легура со 90 отсто магнезиум и 10 отсто алумниум. Благодарение на запалливата природа на магнезиумот, Жан бугати не можел да ги завари панелите, што резултирало со славниот спој со нитни.

Тип 57 СЦ атлантик ги задржал нитните на спојот, и покрај тоа што биле користени алуминиумски панеи. Вратите навлегувале во покривот з полесно влегување и излегување од ниската кабина на купето долго само 3,7 метри.

Првите два примероци биле произведени со фарови интегрирани во крилата додека другите две имале посебни куќишта за предните светла. Секој од четирите автомобили имал уникатни детали. „Тип 57 СЦ атлантик е дизајнерскиот манифест на Жан Бугати. Фасцинантниот облик на ова ремек-дело било едноставно без конкуренција во тоа време и останува возбудливо до ден денес со својата фасцинантна елеганција“, вели Аким Еншид, директорот на дизајн на Бугати.

Силата доаѓала од 3,3-литарски мотор со шест цилиндри во линија кој давал до 200 коњски сили, благодарение на кои атлантик можел да постигне брзини над 200 км/ч, во време кога на патиштата преовладувале запрежните коли.

Првиот модел бил произведен во 1936 година за британскиот банкар Виктор Ротшилд, во сино-сива комбинација. Шасијата со број 57374 е позната како „атлантикот на Ротшилд“.

Третиот модел е познат како „атлантикот на Холзшух“, со број на шасија 57473, и му бил испорачан на Жак Холзшух во Франција во октомври 1936 година. Вториот сопственик загинал во сообраќајна несреќа, а атлантикот бил целосно уништен. Децении подоцна тој стана предмет на комлексна реставрација, но без оргиналниот мотор бидејќи бил проценет како премногу уништен за да може да се спаси.

Четвртиот и последен атлантик, со број на шасија 57591, е „атлантикот на Поуп“. Тој бил завршен во 1938 година за Британецот Р.Б. Поуп. Сегашниот сопственик е модниот дизајнер Ралф Лорен.

Жан Бугати го задржал вториот произведен примерок за себе. „Црниот автомобил“ (La Voiture Noire) со број на шасија 57453, го возеле тој и неколку одбрани пријатели. Бугати го користел како изложбен примерок за фотографии во брошурите и како демонстративен модел на меѓународните автомобилски салони сѐ до 1938, кога автомобилот едноставно исчезнал. Никој не знае што точно се случило со него, дали Жан Бугати го продал или пак го преместил на безбедна локација кога Германците го освоиле Алзас.

До ден денес, вториот атлантик не е пронајден, со што е една од големите светски мистерии. Со проценета вредност од над 100 милиони евра, изгубениот бугати атлантик е вистинскиот крал на автомобилскиот свет.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе