Тој веќе поседувал неколку модели на Загато во својата гаража. Но, развојот и конструкцијата на уникатното возило беа одложувани, па автомобилот излезе на дневната светлина при крајот на 2022 година. Роденденот беше пред една и пол година. Италијанците не се брзаа.
Моделот Алфа ромео џулија ГТА настапува во сегментот на екстремни седани, склопени во серија од само 500 примероци и тој е основата за уникатниот модел. Тоа значи дека под хаубата има V6 мотор со работна зафатнина од 2,9 литри. Станува збор за битурбо блок кој развива 540 коњски сили, а наместо автоматски менувач новиот модел на Загато има шестбрзински мануелен, од малку помалку моќната верзија на седанот џулија квадрифољо.
Како што е означено во самиот назив на моделот, архитектурата на џулијата со заден погон е скратена (Short Wheel Base).
Меѓутоа, Загато главно се фокусирал на дизајнот. Каросеријата со три врати е изработена од пластика зајакната со јаглеродни влакна и нема допирни точки со сериската џулија. Дизајнерите си играле со други, постари модели на Алфа Ромео, вклучувајќи и тркачки модели од шеесеттите години од минатиот век, а не го заборавиле ни купето алфа ромео СЗ од доцните осумдесетти, чиј дизајн е исто така на Загато.
Највпечатливата врска со моделот СЗ се гледа во дизајнот на предните светла.
Моделот, се разбира, не можел да помине без покрив со две џумки, препознатливиот знак на дизајнерското студио од Милано. Но ентериерот на џулијата останал речиси ист, со исклучок на некои панели заменети со детали изработени од пластика и карбонски влакна.
Алфа ромео џулија СВБ Загато е еден единствен примерок и наскоро ќе му биде предаден на нарачателот. Цената на возилото не е објавена и нема никаква дилема дека автомобилот ќе остане уникатен.