Лада е-ларгус

Претставен првиот прототип на електрична Лада (ФОТО)

Компанијата АвтоВАЗ го претстави првиот прототип на електричниот автомобил лада е-ларгус во фабриката во Ижевск.

„Не би ја нагаѓал цената, но би можел да кажам дека таа ќе биде конкурентна. Прво, бидејќи е автомобил од домашно производство, и второ, сметаме на максимална поддршка од државата. Затоа, во согласност со прогнозата за инфлацијата за 2024 година, сè уште е рано да се објави цената, но се ориентиравме на тоа да биде најевтиниот електричен автомобил во Русија“, кажа директорот на компанијата Максим Соколов.

Лада е-ларгус е руски електричен автомобил, бидејќи, иако е базиран на претходната генерација на логанот на Дачија, целосно ќе се произведува во Русија, за разлика од проектите на други произведувачи кои составуваат автомобили од делови од странство, јавуваат руските медиуми.

АвтоВАЗ го најави проектот уште во август, кога информираше дека производството на лада веста се префрла во Тољати. Планот е првата серија прототипи на електричниот модел да биде произведена до крајот на 2023 година.

Лада е-ларгус ќе се произведува како патнички автомобил и комби, а во моментов се тестира на терен и во лаборатории. Моделот се тестира со електромотор со јачина од 110 киловати/150 коњски сили.

Капацитетот на литиум-јонската батерија е 60 киловати, а дострелот со едно полнење е најмалку 400 километри. Максималната брзина е електронски ограничена на 145 км/ч, додека забрзувањето до 100 км/ч би требало да трае помалку од 10 секунди.

Според Соколов, сериското производство треба да почне во 2024 година.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе