Претставен новиот БМВ икс6 со огромна предна маска, поспортски дизајн и 523 „коњи“ (ФОТО+ВИДЕО)

БМВ ја претстави третата генерација на својот најголем купе кросовер икс 6. Новиот ѕвер е поголем, позаоблен, посилен и технолошки понапреден од претходно.

 

Иако третата генерација на икс 6 е технолошки близнак на актуелниот икс5, новиот икс6 се разликува од новиот икс5 значително повеќе од претходната верзија, од која е пред сѐ подолг за 26 милиматри и поширок за 15 милиметри, но и понизок за 6 милиметри.

Заштитниот знак на новиот икс 6 е предната маска, која исто како кај икс7 доминира со димензиите, но во овој случај е и светкава.

Икс6 вози на истата платформа како икс5, а тоа значи со шестцилиндерски и осумцилидерски мотори во бензински и дизел верзии.

Влезната верзија е иксдрајв30д спорт со 3,0-литарски дизел со 265 коњски сили и забрзување до 100 за 6,5 секунди, но кој е и најекономичен со потрошувачка од 6,6 литри на 100 км/

Врвот на понудата е моќниот икс6 М50и со новиот 4,4-литарски V8 со две турбини и 523 коњски сили кој забрзува од 0-100 км/ч за само 4,3 секунди со максимална електронски ограничена брзина на 250 км/ч.

Новиот икс 6 може да повлече товар до 3.265 килограми, а доколку ви се потребни и теренски карактеристики, има посебен пакет на опрема, составена од додатоци како воздушна суспензија за двете оски, електронски контролиран М спорт заден диференцијал и четири теренски модуси на возење – снег, песок, чакал и камења.

Што се однесува до ентериерот, икс6 го доби 7.0 лајв кокпит со ајдрајв системот од серија 7 кој вклучува 12,3-инчна инструмент контролна табла со 12,3-инчен централен дисплеј.

Почетната цена е 64.300 за моделот икс6 сДрајв40и со погон на задната оска, верзијата со погон на сите тркала иксдрајв40и почнува од 66.600,, додека М50и стартува од 85.650 долари.

Новиот икс6 ќе се произведува во Спартанбург во американската држава Јужна Каролина.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе