Бентли корниш малинер

Повторно создаден изгубен модел на Бентли од 1939 година (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Одделот Малинер на Бентли повторно го создаде моделот корниш од 1939 огдина кој изворно бил изгубен во бомбардирање во Франција.

 

Оригиналниот автомобил бил изгибен во 1939, на почетокот на Втората светска војна. Корниш претходно бил прилично оштетен во сообраќајна незгода додека бил тестиран. Иако шасијата успешно била префрлена дома, во фабриката на Бентли во британски Дерби, каросеријата била уништена во бомбардирање на Диеп.

Бентли корниш се смета за изгубената алка меѓу моделите ембрикос и Р тајп континентал и бил замислен како спортска верзија на лимузината марк 5.

Целата идеја за ре-создавањето почнала во 2001 година, а шефот на Бентли Адријан Холмарк побарал од Малинер да го заврши проектот во 2019 година за да биде дел од прославата на 100-годишнината на компанијата.

Оригиналниот бентли корниш од 1939 бил приватна нарачка од тркачот Андре Емрикос, кој сакал спортско бентли базирано на шасијата на лимузината.

Ресоздадениот модел бентли корниш ќе дебитира пред јавноста на изложбата Салон приве во септември и потоа ќе стане дел од историската колекција на компанијата.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе